Радовиш
Со света Божествена Литургија денеска беше одбележан големиот верски празник Ѓурѓовден на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица
Објавено на
Од
Media PressСо света Божествена Литургија денеска беше одбележан големиот верски празник Ѓурѓовден на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, посветен на Свети Ѓеоргиј Победоносец. Празничното одбележување започна од вчера со Архиерејска вечерна Богослужба, во сослужение на владиката Брегалнички Господин Иларион. Ѓурговден е сенароден пролетен празник кој го слави целото население.

На денешната богослужба помеѓу верниците беше и ктиторот на манастирот Свети Великомаченик Георгиј, Николајчо Николов кој рече дека со задоволство секоја година на овој ден присуствува на божествена литургија во манастирската црква.
Манастирот Свети Великомаченик Георгиј се наоѓа на 3 километри северозападно од селото Ораовица, во подножјето на планините Плачковица на 7 километри источно од Радовиш, и е еден од најпосетуваните православни светилишта во Радовишкиот крај. Прекрасната природа и духовниот мир во манастирот Свети Ѓеоргиј, е причина повеќе верниците да го посетат на денешниот празник Ѓурѓовден.Од пред 13 години целосно е возобновена црквата и целиот Манастирски комплекс со средства од ктиторот Николајчо Николов, и до денес постојано се надоградува и доуредува.

Според житието Свети Великомаченик Георгиј Победоносец живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската вера и наука. Свети Георгиј се смета за покровител на Москва, Грузија, Англија, а исто така е доста почитуван во Палестина и на Балканот.
По смртта на својот сопруг, таа се вратила во своето родно место во Палестина, каде поседувала огромен имот. Таму малиот Георгиј ги посетувал светите места кај што се движел и поучувал Господ Исус Христос. Со прекрасен став и убавина, висок и храбар, младиот Георгиј бил регрутиран во елитната војска на царот. И уште на неговата 20 годишна возраст, тој постанува трибун во војската, чин кој соодвествува на денешен полковник,(машала) а тоа било високо место за неговата возраст. Набргу потоа, тој успеал да ги освои симпатиите кај царот кој го поставил на уште повисоко место, член во Советот на државата. Тоа било така се додека царот имал толерантен однос кон христијаните, но кога побарал од војската секој да принесе жртва пред мртвите идоли и кога сурово отпочнало прогонувањето на невините христијани од незнабошците, Георгиј прв се спротивставил на таквата наредба.

Кога царот Диоклецијан издал наредби за прогонување на христијаните, ги повикал управниците на источните провинции во империјата и им дал посебни упатства како да постапуваат со христијаните. Откако го презрел човечкиот страв, храбриот воин Георгиј смело изјавил пред Советот: – До кога ти, цару, и вие кнезови и советници, ќе го распалувате својот гнев против христијаните? До кога ќе ги прогонувате и измачувате невините и добродетелни луѓе, кои никого и со ништо не повредиле, а за сите служат како пример на благочестив живот? Вие сте, господа, во заблуда, зашто вашите идоли не се богови. Исус Христос е вистинскиот Бог. Или познајте ја Вистината и научете се на благочестие, или пак престанете со своите прогони и безумие кон тие што ја познале Вистината.
Сите членови на Советот биле вчудовидени од настапот на Георгиј. Меѓутоа, и самиот Диоклецијан вџашен од тоа што го слушнал од својот миленик, долго молчел. Најпосле му дал знак на проконсулот Магнециј да одговори на Георгиј. Магненциј го запрашал младиот воин: „Кој те поучи така дрско, смело и противзаконо да одговориш?“ – Вистината – одговорил Георгиј. – Која е таа вистина? – Вистината е самиот Христос, прогонуван од вас. – Значи и ти си христијанин? – прашал Магненциј. – Јас сум слуга на Христа, мојот Бог; со надеж во Него јас дојдов доброволно тука пред вас, за да посведочам за Вистината. Разбеснетиот Диоклецијан не го оставил да се доискаже туку, веднаш наредил да го затворат во темница со што започнуваат маките на Георгиј…

Својата глава ја преклонил под мечот и бил посечен на 23 април 303 година. Верниот слуга на Св. Георгиј ја извршил неговата последна желба. За време на цар Константин Велики светите и чудотворни мошти на Св. Георгиј биле пренесени во Лида и погребани во храмот посветен на неговото име, кој го изградиле побожните христијани. Чесните мошти ги пренеле на денот на осветувањето на храмот. Значи, на трети ноември, или на 16 ноември – по нов календар, се прославува пренесувањето на моштите на славниот Свети Великомаченик Георгиј Победоносец од Никомидија (Мала Азија), во градот Лида во Палестина. Светите мошти и денес таму почиваат.

Поврзани содржини

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

По 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Прекрасен новогодишен амбиент во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица

Се подобрува училишната инфраструктура во Општина Радовиш

Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река

МЗ Изведен: Да се реши прблемот со водоснабдување во Ораовица, ЈП Плаваја: Потрошувачката на вода е зголемена за 3-пати во селото
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



