Connect with us

Струмица

На местото на руинираната зграда на Стариот суд во Струмица, ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија

Media Press

Објавено на

На местото на зградата на Стариот суд којашто е во руинирана состојба, ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија, ваква одлука денеска едногласно беше донесена од членовите на Советот на Општина Струмица на 48 – та седница.

Предлог – одлуката за давање на трајно користење на објект на МПЦ – Струмичка Православна епархија пред советниците ја образложи градоначалникот Костадин Костадинов.

-Ова навистина е важен момент за Струмица и важен момент за одлуките на Советот којшто верувам во духот на единството и во духот на поддршката на вистинските вредности коишто ги негува и штити Струмица, а ќе биде нескромно да не се спомне под силната закрила на Православната црква, а особено на Струмичката епархија, но мора да признаеме дека сме една од ретките Општини, една од ретките епархии коишто немаат своја Митрополија и тоа мораме да го корегираме. За таа цел одлучивме Стариот суд за кој што од страна на Општината се обезбедени заштитно-конзерваторски извештаи, изготвен е проект, изготвена е пресметка и за рушење и за градење на Митрополијата и би сакал со нив да ги запознаам и советниците и граѓаните. Потребните средства за рушење би биле 1.404.962 денари, а за изградба на Митрополијата 31.257.631 денар согласно пресметките. Убеден сум дека Струмичката епархија заедно со силна поддршка на општина Струмица и заедно со многу одговорни компании ќе успееат да го реализираат она што навистина го заслужуваат верниците од општина Струмица. Имаше многу предлози што да биде, како да биде, но сметам дека ова е вистинскиот начин. Верувам во носење на единствена одлука и упатувам порака на единство кога станува збор за нешто што значи вредност, рече градоначалникот Костадинов.

На денешната седница беа усвоени и предлог одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските празнувања И за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2025 година, Предлог-Програмите за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Струмица во 2025 година и за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2025 година, како и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.

На дневен ред беа, а советниците усвоија и повеќе предлог – одлуки, барања и измени од делокругот на општинските јавни претпријатија „Комуналец“, „Струмица- Гас“, „Стационар – Лана“, „Паркиралишта – Струмица“ и „Струмица – Транспорт“, ООУ „Сандо Масев“ и градинката „Детска радост“ за 2025 година. Се усвоија и предлог – одлуките за утврдување приоритет на проекти за изградба на станбена улица „Боро Поцков“ дел од станбена улица „Ристо Клепов“ во урбан блок 20 и за реконструкција и изградба на сервисна улица број 1 во леснаиндустриска зона урбан блок 15, а за двајца граѓани на општина Струмица беше усвоена одлуката за доделување на парична помош.

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе