Радовиш

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 63 седница, беа поставени повеќе советнички прашања до градоначалникот

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 63 седница на која беа предвидени 23 точки на дневниот ред и една дополнителна точка. На почетокот вообичаено беа предвидени советнички прашања упатени до градоначалникот Ацо Ристов.

Зелен пазар во Куклевица, отварање на откупен пункт во Воиславци, високи сметки за струја, беа дел од советнички прашања на кои градоначалникот даде соодветен одговор.

Градоначалникот Ристов на денешната седница на Совет, му го честита изборот на новиот претседател на ОО на СДСМ од Радовиш, Ристо Спасов.

–Се надевам дека и во иднина ќе бидете конструктивна опозиција, рече Ристов.

Во продолжение беа донесени повеќе Предлог одлуки како што е Предлог одлуката за давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Радовиш, во ЈП Плаваја и во ОУ Никола Карев во Радовиш и останати Предлог одлуки и Предлог заклучоци.

 На денешната седница беше изгласан и Кварталниот извештај  за извршување на Буџетот на Општина Радовиш за четвртиот квартал од 2024 година, како и Предлог одлука за измена на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година.

Беше усвоена и Предлог Одлуката за избор на спортист, спортска екипа и тренер како и спортски работник за повеќегодишна работа во Радовиш за 2024 година. Потоа Предлог одлука за распределба на средства од Буџетот на Општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната детска и здравствена заштита како и од областа на културата, како и Предлог одлука за распределба на средства на спортски клубови и  здруженија на граѓани од областа на спортот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago