Струмица

Просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50 проценти

Струмица е првата општина која има успех во борбата со аерозагадувањето преку имплементацијата на повеќе административни и технички решенија од страна на Општината, а кои за кратко време вродија со плод.

На прес конференција градоначалникот Костадин Костадинов информираше дека последните десетина денови Струмица е град со најмало ниво на штетни ПМ 10 и ПМ 2.5 честички во воздухот, споредено со било кој друг град во Македонија од слична големина и број на население.

„Oд 3 до 19 февруари просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50% во просек, или преку пример – ако минатата година просекот на ПМ 10 честички во воздухот се движел околу 100 ПМ10 честички на кубен метар, во првите две недели од февруари оваа година просекот се движи околу 50 ПМ10 честички на метар кубен. Поточно, од 3 до 19 февруари просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50% во просек, или преку пример – ако минатата година просекот на ПМ 10 честички во воздухот се движел околу 100 ПМ10 честички на кубен метар, во првите две недели од февруари оваа година просекот се движи околу 50 ПМ10 честички на метар кубен. Овие резултати кои планираме да се подобруваат во идниот период, се резултат на добро смислената и спроведена акција на општина Струмица и добрата соработка и покажувањето на слух пред се кон народот, но и кон граѓанските организации како што е случајот со Здрава Котлина.

Како одговорен градоначалник разговарав за барањата на Здрава Котлина, а кои се однесуваат на одредени законски измени со пратеникот Борче Цветков и со пратеничката група на СДСМ, да организираат состанок со претставници на Здрава Котлина и да ги разгледаат можностите за одредени законски измени, или доколку има потреба и предлог на нов Закон којшто ќе даде директен резултат во справувањето со предизвикот – аерозагадување, рече Костадинов. Тој информираше дека се спроведени 46 инспекциски надзори на територијата на општина Струмица на локации кои се пријавени како потенцијални загадувачи на амбиенталниот воздух. Изготвени се 14 решенија за правни лица со рок за отстранување на утврдени неправилности, 10 решенија за изработка на Елаборати за животна средина, iзречени се казни од 9.000 евра за три правни субјекти и по 500 евра казна за одговорните лица во правните субјекти, 9 физички лица се казнети со прекршочни платни налози во висина од 250 евра за согорување на отпад на отворено и за 5 физички лица издадени се писмени опомени. Освен инспекциските надзори, општина Струмица работи и на спроведување на активни мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, а како најсериозна мерка е набавката на 10-те електрични автобуси со кои директно се влијае врз намалувањето на сообраќајот во општина Струмица, а со тоа и на количината на испуштање на издувни гасови“, вели градоначалникот Костадинов кој додава дека се работи и на подобрување на секундарната гасоводна мрежа и на велосипедската инфраструктура.

-За крај, не можам, а да не поставам едно прашање, на точно 20 дена поминати од протестот против аерозагадувањето, со сите механизми што ги поседува централната власт, дали презема нешто и дали воопшто има план нешто да преземе? Струмица е наш заеднички дом, наш заеднички двор, наша заедничка гордост. Нема да дозволам никој тоа да го промени или да ни го одземе. Да не дозволиме Струмица повторно да стане лош пример. Заедно тоа го можеме, додаде градоначалникот Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago