Радовиш

Општина Радовиш и годинава додели стипендии на најдобрите ученици

Вкупно 38 стипендии додели годинава Општина Радовиш на талентирани ученици  од основните и средното училиште за учебната  2024 /2025 година. Договорите за стипендии денеска им ги додели градоначалникот Ацо Ристов кој им порача, знаењето е најскапата инвестиција. 

Градоначалникот Ристов рече дека како општина се горди на овие ученици и ќе продолжарт да ги поддржуваат и во иднина.

Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот.

Оваа година се доделија вкупно триесет и осум стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: дваесет и седум стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, шест стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и пет стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.

Од училиштата велат дека оваа е голем стимул на учениците и потик и за останатите ученици да постигнуваат успеси.

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 денари  месечно во текот на 9 месеци и 3000 денари месечно за средното образование.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago