Connect with us

Македонија

Се огласи Никола Груевски: Наместо во Софија и во Приштина, авионите ќе можеа да слетаат на аеродромот меѓу Св.Николе и Штип

Media Press

Објавено на

Наместо во Софија и во Приштина авионите кои заради маглата не можеа денес да слетаат во Скопје, ќе можеа да слетаат на аеродромот меѓу Св.Николе и Штип, се огласи поранешниот премиер Никола Груевски.

„За жал Заев заради лична корист се откажа од готов проект, со решени имотно-правни односи на земјата каде требаше да се изгради аеродромот за која буџетот плати со парите од народот, а истата земја заради лукративни причини ја дадоа на некој нивни пајташ за да си стави сончеви панели, на веќе потпишан цврст договор за инвестирање на концесионерот ТАВ, што значи немаше да има трошоци на буџетот за новиот аеродром, кој после 2028 година со доинвестирање од следниот концесионер, од карго можеше да се претвори во нов главен аеродром на 30 минути возење од Скопје, на место каде нема појава на магла.

Нарушувањето на таков договор е кривично дело, бидејќи одредби кои се дел од тендерски услови на меѓународен објавен јавен повик не може да се менуваат со анекс на договорот, но обвинителството одлучи да молчи, и сеуште молчи.

Одлуката за откажување меѓудругото директно оди во прилог на Бугарија, Косово и други околни држави“ стои во објавата на Груевски на социјалните мрежи.

преземено од: https://www.facebook.com/NGruevski

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе