Connect with us

Македонија

Лабораторијата Жан Митрев почна со брзи антиген тестови на Меѓународен Аеродром Скопје

Avatar

Published

на

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при „Жан Митрев клиник“ креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот.

Почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница „Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок, соопштуваат од Аеродромот во Скопје.

„Медицинското возило за тестирање на „Жан Митрев” Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден кога има летови до државите кои бараат брз антиген тест, четири часа пред времето на полетување до секоја од дестинациите.

Целта е да се обезбеди опција на патниците кои заминуваат кон дестинациите во  Холандија, Германија и Велика Британија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот.

Како што претходно објавивме, Холандија бара задолжителен негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за задолжителен негативен ПЦР-тест.

Германија бара негативен брз антиген тест одобрен од СЗО не постар од 48 часа, но исто така прифаќа ПЦР, ЛАМП или TMA тестови.

Велика Британија бара негативен антиген тест не постар од 72 часа, но исто така прифаќа ПЦР или ЛАМП тестови.

Во моментов, само брзите антиген тестови одобрени од СЗО може да се направат на Меѓународниот аеродром Скопје преку услугите на „Жан Митрев Клиник“. За сите други ковид-19 тестови, апелираме до патниците да ги направат во авторизирана болница/лабораторија пред нивното пристигнување на аеродромот“. стои во соопштението од Меѓународниот Аеродром Скопје..

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе