Connect with us

Македонија

Потпишана е спогодба за воспоставување на национална аеродромска меѓуагенциска група

Avatar

Published

на

Со надградбата на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, од Проектна во Програмска Канцеларија, практично се отвори патот наместо фокусирање на еднократни проекти, да се концентрираме на организирање, изготвување, реализирање и координирање на портфолио на долгорочни проекти, програмирани согласно нашите заеднички интереси и потреби“. – истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на потшишувањето на Писмото за спогодба помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) околу реализацијата на заеднички проекти на двете институции за подигање капацитетите и ефикасноста на граничната контрола и безбедност.

“Пред нас претстои период на интензивна соработка во правец на формирање на аеродромска меѓу-агенциска група составена од единица за контрола на воздушни карго-пратки и заедничка аеродромска единица за пресретнување на Меѓународниот аеродром Скопје, како и создавање на неопходна инфраструктура за аеродромската група: определување на службеници на институциите на спроведувањето на законот со надлежност на границите кои ќе бидат дел од таа единица и уште многу други активности во насока на осигурување ефективно и ефикасно функционирање на оваа мулти-агенциска единица“, истакна министерот Спасовски.

Според заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, станува збор за глобален проект – “бидејќи во овој проект досега се вмрежени 34 аеродроми, не само во регионот туку и на останатите континенти. Проектите давaат успешни резултати секаде во светот, очекувам и кај нас да има ефикасна реализација, со брзо видливи резултати“, истакна Николовски.Покрај ова заменик на претседателот на Владата , Николовски нагласи дека – “борбата против корупцијата и криминалиот е вториот врвен приориетет во владината рамка „Акција 21- европски стандарди дома“. Преку  конкретни мерки и политики, ќе се фокусираме на спречување на корупцијата и криминалот, во секоја сфера од општеството, вклучително и на мерки за сузбивање на меѓународниот криминал и тероризам. Затоа во целиот процес, ни е важна секоја помош и поддршка, не само  домашна, туку и странска експертиза“.

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе