Василево

230 милиони денари изнесува Буџетот на општина Василево за 2025 година, најголем досега

Вкупниот Буџет на општина Василево за 2025 година, донесен  на последната седница на општинскиот Совет изнесува 230 136 346 денари и е најголем од постоењето на општина Василево до денес.
Согласно структурата, даночните приходи се планирани во износ од 24 761 000 денари, неданочните во износ од   13 478 500 денари, капиталните 13 013 402 денари, приходите од трансфери 58 375 598 денари, приходите од дотации во износ од 120 507 846, додека во ставката донации, за 2025 година општина Василево нема предвидени средства.

Истиот е донесен едногласно од страна на сите советници, за што благодарност изразува градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„Благодарност до Советниците за донесувањето на Буџетот и нивните усогласени ставови со надеж дека и во иднина, за доброто на сите граѓани на општината, Советниците независно од нивната партиска припадност ќе работат сложно и конструктивно во интерес на народот. Најавувајќи брз развој на општина Василево а во  контекст на донесувањето на Буџетот“, стои во изјавата на градоначалникот кој додава.

 „Во услови каде што имаме долгови во касата, новиот буџет на Општина Василево е во функција на граѓаните и со голем број на капитални инвестиции. Новиот буџет предвидува подеднаков развој на општината без заборавени населени места. Со Буџетот за 2025 година имаме историски највисок процент на средства одвоени за реализација на капитални проекти во последните години. Повторно носиме буџет исклучиво во интерес на нашите граѓани и наменет за проекти кои ќе го подобрат секојдневието во Општина Василево. Со средствата раководиме рационално, домаќински, отчетно и транспарентно и така ќе продолжиме и во следната година. Следува брз развој на општина Василево“.


На седницата, последна во претходната година усвоени беа сите точки од обемниот дневен ред меѓу кои и Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2025 година, Буџетскиот календар за 2025 година, Одлуката  за давање на трајно користење на објект „Весели насмевки“ во населено место Ангелци  на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево и други прддлози, одлуки и програми во функција на непречено работење на општината и нејзините институции и установи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago