Василево

Општина Василево ја одржа третата форумска сесија

Синоќа, во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево ја одржа третата форумска сесија.
Според предложениот и усвоениот дневен ред, присутните граѓани ги проследија трите подготвени презентации за трите предлог проекти, кои остануваат во изборот за проект кој ќе биде финансиран  со средства од Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, во чии рамки се спроведува овој проектен форум.


Трите проекти се: „Училишни дворови по мерка на сите“, „Сите ја одржуваме животната средина чиста“ и „Набавка на возило за собирање смет “.

На следната, четврта форумска сесија, која ќе се одржи наредната година, на 21 јануари, граѓаните ќе одлучат кој од нив ќе биде реализиран со средства од донаторот, а останатите два како предлози од Форумот, ќе му бидат доставени на градоначалникот  со препорака за нивна реализација.


Правото  на глас и одлучување во врска со проектот што ќе биде реализиран, граѓаните си го обезбедуваат со присуство на најмалку три форумски сесии.
Вкупниот буџет, обезбеден од донаторот за реализација на избраниот проект е 50 000 американски долари.  Овој Форум е Проектен и е во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“  која ја финансира Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago