Босилово

Училиштата во Босилово и Турново станаа енергетски независни објекти

Тие добија фотоволтаични панели и почнаа да произведуваат електрична енергија . Општинските власти планираат оваа енергија да ја претворат и во топлинска за затоплување на објектие и да не се користи во иднина огревно дрво.

„Нашата стратегија е најпрвин да инвестираме во производство на електрична енергија, а понатаму ќе инвестираме во топлински пумпи,  инвертери и така натаму за да можеме да создадеме и систем на ефикасно користење на таа електрична енергија. Мислам дека во наредните две години на секој објект во општинска сопственост ќе има поставено фотоволтаични панели“, изјави Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово.

Амбасадорот на Бугарија во земјава Жељазко Радуков изрази задоволство што како соседи помогнале на мала општина да ги исполни двата приоритети на ЕУ – искористувањето на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

„Ние се залагаме за иднината, тоа значи дека се залагаме за образованието на децата и се залагаме за чувањето на животната средина. Општина Босилово понуди можност со еден проект да ги постигнеме двата приоритети.

Ние не ги правиме овие проекти за да ја зајакнеме врската помеѓу нас, ние ги правиме,  затоа што веруваме дека тоа е наша обврска да помогнеме на нашите комшии за иднината на целиот регион. Немаме тука тактизирање за да градиме подобри односи“, рече амбасадорот Радуков.

Општина Босилово летово со поддршка на Центарот за развој на Југоистокот енерегетско независно го направи и школото во Секирник. Градоначалникот Манчев побара од државата да  најде начин да се откупи вишокот енергија што ја произведуваат јавните институции што е став на повеќе општини.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago