Василево

Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во Добршинци

Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во Добрашинци: За прв пат, откако постои оваа филтер станица, се врши реконструкција на истата.

„Навистина сум среќен, што почнуваме да решаваме децениски проблем. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со активностите од проектот Реконструкција на филтер станица Добрашинци – набавка, инсталација и монтажа на опрема.


Според техничката спецификација од јавно објавениот тендер, реконструкцијата на оваа филтер станица опфаќа набавка, инсталација и монтажа на  автоматски самочистечки филтер, апаратура за анализа на матноста на водата (процесен турбидиметар) и апаратура за анализа на PH водата, односно Процесен PH метар за анализа на PH на вода.


Согласно Договорот со компанијата изведувач на работите, вкупниот буџет изнесува 2.985. 630 денари од кои 2.000.000 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2024 година и околу 1 0000 000 денари од сопствените  извори на приходи на општина Василево.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago