Радовиш

Од денеска Радовиш останува без канцеларија на Централен регистар

Граѓаните кои денеска имаа потреба од услуга од Централен регистар, ги дочека известување на влезната врата дека од денеска Централен регистар во Радовиш не работи.

 „Од 10.12.2024 година канцеларијата на Централен регистар во Радовиш е привремено затворена. За сите потреби корисниците на услугите можат да се обратат во Регионалната канцеларија на Централниот регистар во Струмица. Телефон за контакт  на РК во Струмица 034/345-296“, стои во известувањето кое е поставено  на влезната врата на подрачното одделение на Централен регистар во Радовиш, кое од денеска е затворено поради заминување во пензија и на последниот вработен во ова одделение.

Канцеларијата на Централен регистар во Радовиш се наоѓа на улица „Свети Спасо Радовишки“, или на градското шеталиште. Некогаш во овие канцеларии работеа повеќе лица, се регистрираа фирми, стотици фирми доставуваа годишни завршни сметки, се вадеа тековни и други услуги.

Се поставува прашањето дали ќе се вработи друго лица во иднина или Радовиш ќе остане и без оваа подрачно одделение и за било каква потреба правните лица ќе мора да патуваат до Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago