Регион

Во Струмица, се одржа настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ на кој беа претставени достигнувањата и потенцијалите на регионот

Во Струмица, беше одржан настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ организиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – 2 фаза,“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој.

Се разговараше за најдоброто од регионот – иновации, идеи и визии за иднината. Настанот беше платформа за претставување на достигнувањата и потенцијалите на регионот, привлекувајќи широк спектар на учесници, вклучувајќи претставници од локалните власти, академската заедница, граѓанскиот сектор и приватниот сектор. На настанот присуствуваа градоначалниците од десетте општини од регионот, кои имаа можност меѓусебно да ги споделат своите досегашни искуства, но и потреби за во иднина.

Во текот на денот, учесниците имаа можност да се запознаат со новата Комуникациска стратегија за промоција на регионот, која ќе придонесе за подобра соработка со заедницата и зголемена видливост на регионалните иницијативи.

Во рамките на настанот беа одржани инспиративни панел-дискусии кои опфатија клучни теми за развојот на регионот, како што се улогата на општините како столб на регионалниот напредок, имплементацијата на зелени практики и циркуларна економија како двигатели на одржливоста, како и можностите за развој преку туризмот и зачувувањето на културното наследство. Посебен момент беше видео – презентацијата на Југоисточниот регион која ја истакна динамиката на развојот и идниот потенцијал на регионот, инспирирајќи ги присутните да размислуваат за нови можности за соработка.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago