Македонија

Започна откупот на тутунот, со просечна цена од 374,30 денари за килограм

Согласно последните податоците досега се откупени  1.400.000,00 килограми тутун со просечна цена од 374,30 денари, и истиот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците. Ова го констатира министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на Тутунскиот комбинат во Прилеп. 

Трипуновски вели иако до законскиот рок од 15 – ти декември за започнување на откупот на тутунот остануваат уште десетина дена сепак  дел од тутунарите го имаат продадено својот род. 

„Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес и тутунарите не треба да бидат загрижени, бидејќи оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена во однос на претходната година, рече Трипуновски.

Договореното производство на тутун во 2024 година е приближно со иста количина како и договореното производство од реколта 2023 година и се движи околу 26.400 тони, а површините се движат околу 13.000 ха. Бројот на склучени договори е намален за 664 или околу 2%, а бројот на земјоделски стопанства е намален за  756 или околу 4% во споредба со реколта 2023 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago