Македонија

Државната опера од Варна ќе гостува во Националната опера и балет во Скопје, со операта „Пикова дама“ од П. И. Чајковски

На 14 декември со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковски, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма.

Диригент е Григор Паликаров, режисер: Вера Немирова, сценограф и костимограф:Јулијан Табаков, кореограф:Анна Пампулова, а диригент на хорот: Теодора Георгиева.

 Настапуваат: Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка Василева, Пламен Димитров, Иво Јорданов, Пламен Рајков,  Евгениј Станимиров , Велин Михајлов, Петар Петров,  Владислав Владимиров, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова, Лилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира  на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите. Ова дело ќе биде изведено од страна на врвните уметници од Државната опера од Варна, со што ќе се создаде спектакуларна вечер исполнета со магијата на операта.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago