Струмица

Општина Струмица, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместок за приклучување на гасоводниот систем

Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем.

Со оваа иницијатива, се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство, во нето износ.

Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, прв услужен“, што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата.

„Ова е одлична можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергент, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да ја искористат оваа поволност и да ги поднесат своите апликации во предвидениот рок“, стои во известувањето до Општина Струмица.

За повеќе информации на општинската старана: https://strumica.gov.mk/javen-povik-gas-2024

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago