Радовиш

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со пригодна програма подготвена од корисниците и  ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш  и доделување на благодарници на своите подржувачи. „Годинава како и секоја година, овој ден е посветен на инклузивноста на лицата со попреченост“, рече раководителката на ДЦ Порака Тања Костадинова посакувајќи им добредојде на присутните. Таа спомна дека тие постојано работат да бидат видливи во општеството и лицата со попреченост да си го најдат своето место под сонцето.

Учениците од СОУ Коста Сусинов и корисниците од Порака заеднички имаа сценски приказ на веќе подзаборавени радовишки детски игри и уживаа во игрите.

Истот така годинава ДЦ Порака организира и ликовен конкурс во кој учествуваа ученици од основните училишта од Општина Радовиш и беа доделени три награди за првите три најдобри цртежи.

Во продолжение беа доделени благодарници на верни поддржувачи на ДЦ Порака кои секој на посебен начин допринесуваат успешно да функционира овој дневен центар.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago