Василево

Изградба на бетонски патеки во гробиштата во с. Василево

Општина Василево,  деновиве во населеното место Василево, врши  градежни активности на изградба на бетонски патеки во селските гробишта.
Градоначалникот Славе Андонов,споделувајќи ја информацијата за оваа тековна активност, информираше дека изградбата на патките е долгогодишно барање на жителите.

„Во тек се градежни активности за бетонирање на пристапни патеки во селските гробишта во Василево. Оваа е долгогодишно барање на граѓаните од ова населеното место. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, стои во ФБ бјавата на градоначалникот Андонов.

 Според податоците од техничката документација активноста на изградба на патеките  опфаќа претходно уредување на теренот со чистење од вегетација, рамнење, тампонирање и валирање на подлогата, по што ќе бидат бетонирани патеките чија вкупна должина изнесува 380 метри или вкупна површина од 1460 м2.
Средствата за оваа активност, согласно Договорот со компанијата изведувач, која на распишаниот Јавен повик, достави најповолна понуда, изнесуваат 3 006 303 денари и истите општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago