Регион

Четири амандмани на Предлог Буџетот за 2025 на пратеникот Миле Цеков за подобра патна инфраструктура во Југоистокот

Струмичкиот пратеник  Миле Цеков од редовите на ЗНАМ, со четири амандмани  на Предлог Буџетот на државата за идната 2025 година, бара да се обезбедат средства од државата за подобрување на патната инфраструктура во Југоистокот како клучен сегмент за ефикасно поврзување на општините од овој дел на државата но и за брз проток на стоки услуги а со тоа и економски развој на Југоистокот кој граничи со две европски држави Бугарија и Грција.

Цеков со амандман бара да се обезбедат околу 15 милиони денари за изработка на проектна документација за изградба на експресен пат од Радовиш до Владевци  како надоградба на магистралниот пат М6 Штип – Струмица.

Со вториот амандман тој бара државата да обезбеди околу две милијарди денари за изградба на експресен пат од граничниот премин Ново Село до Струмица преку Моноспитово, Свидовица, Куклиш. Според него, изградбата на ова делница е предвидено во веќе постоечкиот проект за експресен пат кој ќе го поврзува Коридорот 10 од Смоквица преку Валандово до Струмица до граничниот премин Ново Село. Наведено е дека има изработена проектна документација а за ова делница се потребни окоу 33 милиони евра.

Со останатите два, пратеникот Миле Цеков бара да се обезбедат средства за рехабилитација на патот од Костурино до Валандово  односно делницата Валандовско брдо додека со последниот да се размислува за иработка на проектна документација за  изградба на ексрпесен пат од Владевци преку Василево Пиперево кој би требало да излезе меѓу Струмица и Дабиле и да се поврзе пред Куклиш

Овие амандмани не го поминале филтерот на комисијата за финансирање и буџет но останува на пленарна седница да добијат зелено светло за да Југоистокто има подобра патна инфрастурктура

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago