Во Струмичкиот регион има 25 згрижувачки семејства, во земјава постои потреба од згрижување на најмалку 500 деца без родители
Со промотивен настан „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата”– во Струмица беше Отворено подрачното одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС детско село во партнерство со Општина Струмица. Градоначалникот Костадин Костадинов истакнувајќи ја важност на отвоарањето на ова подрачно одделение меѓу другото рече дека Струмица уште еднаш потврдува дека е лидер во Република Македонија во давање на социјалните услуги.
Целта на настанот беше да ја
промовира стручната помош и поддршка за згрижувачките семејства во
југоисточниот регион, како и да ја истакне потребата за развој на мрежата на
згрижувачки семејства и спуштање
на услугата до корисниците во рамките на своите заедници.
Инаку според директорката на СОС Детско Село Јулијана Накова Гапо, во земјава постои потреба од згрижување на најмалку 500 деца, а преку овој процес биле опфатени само 360.
Според Гапо слабиот интерс за згрижувачко семејство е поради недоволната информираност и слабата стратегија на државата, како и немањето доволно мотивирачки околности за самите згрижувачи. Тие постојано лобираат во името на згрижувачите да се зголемат нивните права но и да добиваат одреден надоместок.
,, Во Струмичкиот регион евидентирани се 25 згрижувачки семејства од кои 14 згрижиле деца по роднинска линија. Во градот има 12 згрижувачки семејства. Ова е релативно добра бројка за ваква мала заедица но ќе мора да се работи оти во државата расте потребата од згрижувачки семејства“ кажа Гапо.
„Идјата за да станам згрижувач ја добив од моја пријателка и веќе пет години го работам тоа. Постојано зборуваме дека е важен овој процес на згрижување деца без родители но треба да имаме мотив да чуваме деца. Финансиската поддршка е многу важна. Треба да се стимулираат згрижувачите да имаат некој минимален финасиски надоместо но и да имаат право на пензија, породилно боледување“, вели Оливера Миленковска згрижувач во СОС Детско Село.
Кацеларијата е отворена во зграда од струмичката касарна. Таму семејствата може да добиваат поддршка и помош во процесот на згрижување или процесот на адаптација на децата во новите средини. СОС Детско Село своја канцеларија во јануари ќе отвори во Кавадарци.