Центарот за граѓански комуникации го објави редовното
годишно рангирање на инсититуциите, министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност за 2024 година.
Рангирањето се спроведува секоја година од 2016 година
наваму. Опфатени се 98 институции, односно Владата и сите министерства и
општини според проактивното објавување информации од јавен карактер.
Според Индексот просечната активна
транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024
година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на
лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).
Активната транспарентност на министерствата и Владата
изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на
лани, кај министерствата нема напредок, а општините се
подобриле за 5 процентни поени.
Од владините институции, максималните 100 % активна
транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана,
кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната
транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 %
на 40 -то место со 87 % активна
транспарентност.
За прв пат годинава, дури пет општини, Валандово, Берово,
Битола, Кавадарци и Кичево остварија 100 % активна транспарентност.
Од општините од Југоисточниот регион со многу добра транспарантост од 100% се оценува Општина Валандово. Потоа Општина Богданци и Општина Гевгелија имаат 91,4 трансапрентност, веднаш по нив е Општина Радовиш со 90% транспарентност.
Струмица има 88,9% транспарентност, потоа следуваат Општина Василево со 87%, Конче со 85,5%, Ново
Село со 84,1% и Босилов со 81,2% транспарентност.
Општина Дојтан е оценета како просечно транспарентна
општина со 51,4% како нај нетранспарентна општина во регионот.
Својата активна транспарентност ја подобриле 71
% од вклучените институции.
Меѓу регионите, Источниот
Регион ја задржа и дури ја подобри лидерската позиција во однос на
другите региони (со 88 % активна транспарентност), додека Скопскиот
Регион за многу малку ја избегна последната позиција на којашто се
наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот Регион (со
72 % активна транспарентност).
Најмалку информации министерствата
објавуваат за своите надлежности (78 % од можни 100 %), а
општините за финансиите (67 % од можни 100 %).