Конче

Авантурите на Конче и Мантово ВЕЛОФЕСТ 2024, на локација на Влашки Колиби

Дводневен настан велосипедски тури  „Авантурите на Конче и Мантово“ ќе се одржи  на 6 и 7 јули годинава, на локација на Влашки Колиби, Езеро Мантово, Општина Конче. Ново велосипедско искуство во општина Конче по втор пат, при што присутните ќе имаат можност  да ги запознаат природните убавини и локалните особености во овој дел на Македонија.
За сместување е предвидено кампување со сопствена опрема.

Контакт: velofestkonce@gmail.com или на телефон 078 495 850

Минатата година учеството на овој настан беше бесплатно, годинава има Котизација за учество: 

600 денари по учесник поединец или 500 денари за членови на велосипедски клубови.

За малолетните лица до 16 години со придружник, учеството е бесплатно.

Котизацијата се уплаќа на сметката на организаторот:

ЗВК БЕЛ КАМЕН СЕРТА Радовиш

сметка бр.: 210-0700453201-68

Банка: НЛБ Банка АД Скопје

Краен рок за пријавување: најдоцна до Среда 3ти Јули 2024 година

Секој учесник добива:

– dri-fit маичка
– вечера во сабота
– доручек и ручек во недела
– освежување за време на велосипедските тури
– организирани велосипедски тури со поддршка на локални водичи
– медицинска помош за време на велосипедските тури
– велосипедски сервис за време на турите за асистенција во отстранување на брзи дефекти кај велосипедот

Програма

Сабота, 6ти јули
10:00 – 15:00h Пристигнување и регистрација на учесниците и поставување на сопствена камп опрема
16:00 – 17:00h Подготовка, упатства и вовед во Велотура-1
17:00 – 19:00h Велосипедска тура околу Езерото Мантово со должина 15km и искачување 200m (види повеќе, GPX)

19:20 – 19:30h Свечено отварање на манифестацијата „ВЕЛОФЕСТ“
20:00 – 20:15h Настап на КУД Конче
20:30 – 00:00h Музичко-забавна програма

Недела, 7ми јули
08:00 – 09:00h Утринско будење, загревање и доручек за учесниците
09:00 – 10:00h Подготовка, упатства и вовед во Велотура-2 (види повеќе, GPX)
10:00 – 15:00h Велотура Конче (50км)
15:00 – 15:30h Затворање на манифестацијата

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago