Радовиш

СРЕБРЕН и БРОНЗЕН МЕДАЛ за младите пијанистки од Радовиш Мима и Јана на пијано натпревар во Венеција

По големиот успех што го постигнаа во Барселона, Мима и Јана Јованови од Радовиш.  учествуваа на 11тото издание на големиот светски пијано натпревар „San Donà di Piave” во Венеција – Италија.

Овој натпревар, кој што е впишан во листата на Alink-Argerich Foundation, како еден од најдобрите пијано натпревари, оваа година имаше рекорден број од преку 200 учесници од 30тина земји од  Европа, Азија и САД.

Од нив, 134 пијанисти се натпреваруваа во живо во преубавиот амбиент на театарот Астра, меѓу кои и младите радовишанки  Мима и Јана. Нивните изведби ги оценуваше шестчлено стручно жири составено од реномирани професори по пијано од Португалија, Франција, Италија. Хрватска, Естонија и Финска.

Во категоријата А за возраст до 10 години, Мима Јованова освои Втора награда и Сребрен Медал, додека Јана Јованова која беше најмлада во категоријата D освои Трета награда и Бронзен Медал.

Посебна радост и гордост за Македонија е што во Радовиш има две исклучително надарени млади пијанистки кои успешно се претставуваат и освојуваат високи награди на големи интернационални натпревари по пијано.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago