Connect with us

Радовиш

Во Радовиш за прв пат е организирана изложба на хералдички грбови насловена „Македонија во светот на хералдиката“

Avatar

Published

на

Во Радовиш за прв пат е организирана изложба на хералдички грбови насловена „Македонија во светот на хералдиката“ која беше одржана синоќа, а по повод 10 јуни, Светски ден на хералдиката. Изложбата беше во организација на ЦК Ацо Караманов и Македонското грбословно друштво, поддржано од Општина Радовиш. Првиот грб кој што е изработен за потребите на македонската хералдика пред 11 години, е токму грбот на Општина Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази задовослтво што токму во Радовиш се одржува ваков несекојдневен настан, сведок на историјата но и на иднината.

На изложбата  во Градската галерија Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш беа претставени над 70 грбови поврзани со Македонија, почнувајќи од 14 до 21 век.

Како настанал хералдичкиот грб на општина Радовиш и што всушност претставуват неговите знаци, беше образложено токму на изложбата. карактеристично за грбот е што го содржи венецот од тутун, потоа во внатрешниот дел е специфичниот крст со 16 краци кој го има самио во црковниот храм Свети пророк Илија во Радовиш и никаде на друго место. Градот има три грба мал, среден и голем грб

Малиот грб би требало да ги краси сите јавни образовни установи и  други општински јавни претпријатија, средниот грб го користи советот на општината и други општински јавни институции како што е центарот за култура, би требало да стои и на секоја табла при влезот во Радовиш при што би давал хералдичка претстава на градот.  и големиот греб единствено го користи општината претставувана од градоначалникот. Покрај грбот е изработено и општинското знаме дизајнирано врз основа на грбот на општината.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов фасциниран од оваа изложба но и од хералдиката воопшто.

Целиот настан беше збогатен со прекрасна музика од градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија. Ова е прв ваков настан организиран во Македонија и тоа во Радовиш.

Радовиш

Радовишките пожарникари локализирале пожар опкружен со 60 хектари житни култури во атар на с. Дамјан

Avatar

Published

на

Вчера околу 14 часот бил предизвикан пожар во атар на село Дамјан на кој интервенирала ТППЕ од Радовиш.

„На 18.06.24 година во 14,05 мин. беше пријавено пожар на запален блок сува трева (чир),електрични столбови ( бандери )опкружен со 60 хектари житни култури во атарот на село Дамјан.Од страна на ТППЕ Радовиш упатени беа четири пп возила и 8 пожарникари,во акцијата за гасење учествуваше и лице од ОВР Радовиш. Пожарот за кратко време беше локализиран,за во 18:00 часот биде целосно ликвидиран,од страна на ТППЕ РАДОВИШ во 22:00 извршено контрола на пожарот“, информира ТППЕ од Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Промовирана монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на композиторот Стојан Стојков

Avatar

Published

на

Во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш се одржа промоција на монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на истакнатиот македонски композитор и универзитетски професор Стојан Стојков која претставува еден преглед на неговиот животен и творечки пат.

Промотор на истата беше поетот Борче Панов,а за ова значајно дело пред присутните се осврна и самиот автор, композиторот Стојков.

Поттикнати од искажаното на промоцијата, за авторот на монографијата зборуваа и професорите Ристо Свирков и Славчо Атанасов, кои се потсетија на деновите кога биле ученици.

Стојан Стојков, роден во 1941 година. Подареш, Радовиш, е македонски композитор и педагог. Завршил средно музичко училиште во Скопје каде што дипломира на отсекот пијано, а потоа завршува бразование за музика на Белградската музичка академија, каде што дипломирал на Одделот за композиција. Стојков е автор на бројни дела од скоро сите жанрови и форми на музика.

По враќањето во Македонија, паралелно со творечката ја започнува својата педагошка дејност. Најнапред во Средното музичко училиште во Штип (1967), потоа во Средното музичко училиште во Скопје (1968), а од 1980 година стана професор на Факултетот за музичка уметност, каде што остана до крајот на својот работен век предавајќи некои од главните стручни предмети (хармонија, полифонија, хармонска анализа и др.).

Во еден период својата педагошка дејност ја проширува и на полето на композицијата работејќи на подготовка на неколку идни студенти, а потоа и истакнати композитори – Гоце Коларовски, Вања Николовски и Слаѓана Кавај. Во делот на неговото „педагошко досие“ спаѓа и придонесот во креирањето на наставните планови и програми за музичкото образование, како во средните музички училишта, така и за основните и средните училишта по предметот – Музичко образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши 9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати и благодарници

Avatar

Published

на

По петдневно цртање и творење на прекрасни уметнички дела, во петокот вечерта беше затворена  9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија, со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати на сите учесници и благодарници на поддржувачите на колонијата.

Претседателот на ДЛУР Рада од Радовиш Душан Коцев, кој е организатор на Радовишката ликовна колонија се заблагодари на ликовните уметници кои беа дел од оваа културно уметничка активност како и на општина Радовиш како покровител на ликовната колонија.

Во продолжение беа додлени сертификати на уметниците  и благодарници на подржувачите  Општина Радовиш, Рудникот Бучим, Компанијата Интерпласт од Радовиш и Винарија Кукутанов од Радовиш.

Прочитај повеќе