Радовиш

Општина Радовиш и годинава додели признанија на најдобрите просветни работници по повод Денот на просветата и светите просветители Св.Кирил и Методи

По повод 24 мај – Денот на просветата и светите просветители Св.Кирил и Методиј, Општина Радовиш по втор пат додели признанија на најдобрите наставници по одделенска и предметна настава, професори, негователи и воспитувачи во општина Радовиш.

Од име на општина Радовиш признанијата беа доделени од страна на Секретарот на општината Љупче Почивалец, кој притоа спомна колку образовението е важно и колку како општина вложуваат во него.

Минатата година Општина Радовиш за прв пат воведе пракса за одбележување на 24 Мај -Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, со доделување на признанија на 13 просветни работници од основните училишта, од средното училиште и од детската градинка во Радовиш.

Општина Радовиш ги додели овие признанија со цел да се стави акцент на важноста на образованието и просветните работници, кои се движечка сила која произведува квалитетни идни генерации, кои ќе го движат општеството напред.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago