Радовиш

Повторно пријава за физички напад во село Подареш, се поставува прашањето зошто луѓето ги решаваат своите проблеми со тепачка?

Повторно пријава за физички напад во село Подареш. Само пред две недели имаше два случаи на физички напад во ова населено место, во едниот беше нападната жена, а другиот физичка пресметка помеѓу две лица. Пред два месеци исто така имаше случај за физичка прсметка помеѓу три лица.

Па се поставува прашањето, зошто луѓето ги решаваат своите проблеми со тепачка? Во денешно време, време на цивилизација, на култура и развој, едноставно некои работи сеуште се решаваат со физичка пресметка, па дури понекогаш и со подрастични мерки како што е употреба на оружје. Зошто луѓето едноставно не разговараат и по мирен пат да го решат проблемот, од каде таа нетрпеливост и нетолеранција. Дали затајуваат институциите?Можеби на ова некој треба да даде одговор.

Инаку според информациите од СВР Струмица, на 26.05.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 19.45 часот во село Подареш, радовишко, И.И. од село Подареш физички го нападнал Т.Л. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago