Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 48 седница

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 48 Седница со предвиден дневен ред од 11 точки и една дополнителна. Две точки од дневниот ред беа повлечени, поради недостаток на одередни документи за што образложи претседателката на Советот Моника Трајанова.

Една од повлечените точки беше Иницијативата од група граѓани од централното подрачје на Радовиш, за додлеување на едно бесплатно паркин место за оние граѓани кои немаат услови за сопствен паркинг. Точката беше повлечена од дневен ред поради тоа што било потребно потписи од граѓани, за што се остави простор до наредната седница тие да се соберат, да се достават и повторно да се најде на дневен ред на следната седница.

Во делот на советнички прашања советникот Страхил Гавритов го искористи совето право да и честита на претседателката на Советот за изборот за пратеник во македонското собрание.

Во продолжение беше усвоена предлог одлуката за Годишна програма за работата на Меѓуопштинскиот центар за социјална Работа Радовиш за 2024 година. Пред исвојувањето на Годишниот извештај од работењето на оваа јавна институција за 2023 година кратко образложение даде директорот Александар Филев.

Тој рече дека вкупно 4.050 права користат граѓаните од општините Радовиш и Конче преку Центарот за социјална рабора – Радовиш, но и дека и недостасува стручен кадар, ресурс без кој неможе да работи Центарот за социјална работа.

Во продолжение беа усвоени и останатите предлог одлуки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago