Конче
Општина Конче денеска ја спроведе акцијата „Генералка викенд“
Објавено на
Од
Media Press
Акцијата “Генералка Викенд 2024” која беше одложена во неделата на 19.05.2024 год. поради врнежи од дожд, беше спроведена денеска 23.05.2024 год. со учесници од ЈП Лакавица, Општина Конче и ООУ Гоце Делчев.

„Беа исчистени локации покрај регионален пат Конче-Радовиш и улици во Конче. Голема благодарност до сите учесници и се надеваме дека наредна година граѓаните ќе земаат учество во акциите за чистење и зачувување на животната средина“ вели градоначалникот Златко Ристов.
Инаку во неделата дел од акцијата беа и вработените од рудниците Бучим и Боров Дол кои ја исчистија околината на езерото Мантово.
Поврзани содржини

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

Заедничка активност на граѓаните од Радичево и Дукатино со локалната власт

Еколошка акција за генерално чистење на училишните простории и училишниот двор, во ООУ Никола Карев од Радовиш

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови

Голем интерес од страна на пензионерите во Радовиш, да си го проверат своето здравје

ОО на Црвен крст, Радовиш успешно реализира уште една крводарителска акција
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!




