Радовиш
ОО на Црвен крст, Радовиш успешно реализира уште една крводарителска акција
Published
2 години agoна
By
Media PressВо просториите на ОО Црвен крст, Радовиш успешно се реализираше уште една крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина од Скопје.
„Нашите сограѓани одговорија на повикот за хуманост и дадоа свој придонес во мисијата за спасување животи, вкупно беа донирани 24 крвни единици“, информираат од Црвен крст Радовиш од каде упатуваат благодарност до крводарителите.
Поврзани содржини
Еколошка акција за генерално чистење на училишните простории и училишниот двор, во ООУ Никола Карев од Радовиш
ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови
Голем интерес од страна на пензионерите во Радовиш, да си го проверат своето здравје
Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април
Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето
Првите пролетни денови во Општина Радовиш започнаа со еколошки активности
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
21 час agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.