Избори 2024
Миле Цеков презентира дел од својата програма, врвен приоритет заштита на земјоделието
Published
2 недели agoна
By
Media Press Врвен приоритет на Движењето Знам – за наша Македонија и на носителот во ИЕ 4, Миле Цеков ќе биде заштита на земјоделието, за што во програмата има предвидено повеќе мерки и програми:
– Загарантирани минимални откупни цени на земјоделските производи
– Заштита на домашно производство
– Приоритетно доделување државно земјиште на локалните фармери
-Забрана за пренамена на земјоделско земјиште за друга намена и слично.
„Во најголем фокус ќе биде ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ.
НАШЕТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО! НАША ЦЕЛ СЕ БОГАТИ СЕЛА И СИЛНО ДОМАШНО ЗЕМЈОДЕЛИЕ!“ вели Миле Цеков при презентацијата на својата програма пред граѓаните.
Поврзани содржини
Миле Цеков: Доаѓа време на вистинска борба против криминалот и корупцијата
Миле Цеков: Ќе се залагаме за решавање на најгорливиот проблем во нашата држава, а тоа се криминалот и корупцијата
Миле Цеков: Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е партија која ги заштитува нашите деца и нашите традиционални вредности
Носителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, јавно им се заблагодарува на граѓаните за поддршката
Избори 2024
Демократски сојуз: Двојната победа е огромен предизвик
Published
4 дена agoна
мај 9, 2024By
Media PressДемократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции, велат од партијата.
„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.
Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.
Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.
Победата е голема, а одговорноста е огромна“ стои во известувањето од Демократски сојуз.
Избори 2024
Народот на Македонија се одважи и излезе масовно на гласање, за 20 дена нов состав на Собрание
Published
4 дена agoна
мај 9, 2024By
Media PressГолем пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, а убедлива победа на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата. Но истовремено ова е лекција за останатите политички субјекти, граѓаните покажаа дека кога се работи за македонскиот интерес, тогаш народот се обединува и неправи компромис.
Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав од 120 члена, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата и седми претседателски.
Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.
Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Силјановска Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.
Избори 2024
Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација!
Published
7 дена agoна
мај 6, 2024By
Media PressЛидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита глемиот христијански празник Велигден на сите граѓани но притоа одоговараше и на новинарски прашања.
„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден, на сите верници. Да им посакам спокој на нив и нивните семејства. Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Да се обедиме да се сплотиме бидејќи тоа ни е потребно како нација.
Тој притоа рече дека на претстојните избори очекува убедлива победа и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова.