Connect with us

Радовиш

Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје

Avatar

Published

на

Вчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.

Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.

Изложбата ќе биде отворена до 25 март.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш и годинава активно се вклучи во Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Avatar

Published

на

Општина Радовиш и годинава активно се вклучи во Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ за масовна акција низ територијата на целата општина, за чистење на дивите депонии, речните корита, улиците и тротоарите, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.

Во акцијата која започна денеска  и ќе трае до недела, масовно се вклучија и сите општински установи и институции, јавни претпријатија како и приватни компании кои со својата општествена одговорност ќе помогнат во оваа еколошка акција.

 Една од компаниите која даде придонес и активно се вклучи на терен со вработени и со механизација беа и рудниците Бучим и Боров Дол.

Тие чистеа во градот и во околината на Радовиш и притоа аплеираа до граѓаните да се фрла сметот на соодветно место за тоа, за да не се загадува животната средина.

Прочитај повеќе

Радовиш

15 -ти Саем на книги 2024 во Радовиш, ПОНУДА НА НАЈНОВИ НАСЛОВИ ОД ДВАЕСЕТТИНА ИЗДАВАЧКИ КУЌИ

Avatar

Published

на

Од 20 до 23 мај 2024 година Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш го организира традиционалниот 15 по ред саем на книги 2024. На истиот, потврдено присуство имаат најавено дваесетина издавачки куќи од Македонија кои по саемски цени ќе ги понудат своите најнови книжевни изданија.

Прочитај повеќе

Радовиш

По 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Avatar

Published

на

По јубилеен 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица, во организација на ФА Китка од Ораовица. 17 фолклорни ансамбли се претставија со свои изворни ора и носии, со цел зачувување на традицијата.

Организаторот, ФА Китка со директорот на фестивалот Димче Петров кој им се обрати на присутните, додели и Златни плакети на личности и институции за афирмација на фестивалот.Златна Плакета беше доделена на Општина Радовиш како генерален покровител, на ктиторот на Манастирот Свети Ѓеорги Николјачо Николов како редовен поддржувач на овој фестивал, на проф.д-р Ванчо Чифлиганец како еден од генералните покровители на фестивалот, на семејството Зифовски од Америка, на Здружение Изведен од Швајцарија и на претседателот на жири комисијата Петре Јованов.

Прочитај повеќе