Connect with us

Струмица

Со танц на струмичките мажоретки и со симболичното предавање на клучот на градот, синоќа започна Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Со звуци од химната на Струмичкиот карневал, со  танц на струмичките мажоретки и со симболичното примопредавање на клучот на градот, синоќа, на балконот на Општина Струмица и пред општинската зграда, беше означен почетокот на овогодишните карневалски сцечености во Струмица.

      Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, со што на симболичен начин им ја предаде власта и управувањето со градот на струмичките карневалисти.

      На церемонијата градоначалникот Костадинов имаше свое обраќање пред  присутните, во кое меѓу другото истакна: „Негувањето на вековната традиција на празнување под маски во нашиот град доживува уште едно свое продолжение, и тоа треба да не прави исклучително горди, затоа што Струмичкиот карневал сите ние го носиме во нашиот генетски код, го чувствуваме како тече низ нашите вени, а срцата ни бијат во карневалскиот ритам. За Струмичкиот карневал подолго време се знае и со респект се зборува, како на Балканот, така и во Европа и светот, па како таков неслучајно е високо позициониран на меѓународната карневалска мапа“.

      Во рамките на првиот ден од карневалските свечености кои ќе траат осум дена , поставена е и изложбата на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“ , а за утрешната програма се предвидени: објавувањето на резултатите од конкурсот на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“  за најдобри литературни остварувања на тема „карневал“, концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ и отворањето на изложбата „30 години во FECC“.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе