Connect with us

Струмица

Започнаа карневалските случувања во Струмица, со симболично предавање на „клучот на градот“ на карневалистите

Avatar

Published

на

Со симболичното предавање на „клучот на градот“ од градоначалникот Костадин Костадинов на претседателот на Организациониот одбор на карневалот односно на карневалистите на свечена церемонија којашто се одржа пред Центарот за култура „Антон Панов“, започнаа годинашните карневалски свечености во Струмица. Цели осум дена Струмица ќе живее во духот на карневалот, со богата и разновидна програма која ги вклучува сите генерации кои со голема љубов ја негуваат и чуваат оваа струмичка вековна традиција.

Ние сите заедно сме мостот кој ги поврзува минатото и иднината рече градоначалникот Костадинов посакувајќи среќа на  почетокот на карневалските свечености.

-Дочекавме уште еден симболичен почеток на Струмичките карневалски свечености, кои цели осум дена, од денес па се до 1. март, ќе бидат наше добро утро, добар ден и добровечер, а Струмица ќе биде центар на светот, како што се вели во химната на Струмичкиот карневал. Токму затоа, со многу радост го предавам „клучот на градот“ во рацете на струмичките карневалисти кои „од среда до среда“ ќе бидат стопани на Струмица. Иако станува збор за симболика во ова примопредавање, сепак теба да се знае, дека и со клуч и без клуч, Струмица секогаш е отворена и гостопримлива за сите добронамерници од земјата и странство, рече градоначалникот Костадинов.

По примопредавањето на клучот, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ беше отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“.

Утре вечер ќе се оджи традиционалниот маскенбал во хотел Сириус во Струмица.Главната карневалска вечер ќе биде во Сабота  на 25 февруари кога околу 1160 маскирани лица од кои 340 од странство ќе продефилираат низ струмичките улици и ќе се претстават на главната сцена на градскиот плоштад, а во недела ќе се одржи детскиот карневал. Карневалските случувања ке траат се до тримерскиот ручек во среда.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Приведени две лица од струмичко, пронајдени и одземени три моторни возила и други предмети

Avatar

Published

на

Вчера во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Додека, при претрес во домот на А.С., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени два акумулатори, два апарати за швајцување, моторна пила и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе

Струмица

Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов и Здружението на граѓани „Скај Плус“ , беа домаќини на средбата со британскиот амбасадор Метју Лосон, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и шефицата на канцеларијата на УНФПА во нашава земја Афродита Шаља.

Предмет на разговор на средбата беше позитивното тригодишно искуство од постоењето на струмичкиот „Шелтер центар“ за жени и деца – жртви на семејно насилство. На средбата беше истакната потребата и другите општини да го ползуваат примерот од Струмица, па за таа цел, во рамките на проект на Обединетите нации, финансиран од амбасадата на Обединетото кралство, „Скај плус“ веќе изработува прирачник кој ќе им послужи на општините, на најсоодветен начин да се справуваат со проблемот на семејното насилство и згрижувањето на жени и деца кои се жртви на таков вид насилство.

Во својата изјава за медиумите, градоначалникот Костадинов ја истакна одличната соработка со „Скај Плус“, како и фактот дека струмичкиот „Шелтер центар“ е дел од социјалната програма која се финансира од Буџетот на Општина Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер

Avatar

Published

на

Вќера (16.03.2023) околу 10.45 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишен е од слобода М.Т.(44) од Струмица.

При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја.

Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе