Connect with us

Струмица

Општина Струмица подготвена за карневалските свечености кои ќе започнат во среда, на 13 март, со предавање на клучот на градот на карневалистите

Avatar

Published

на

Прес -конференција по повод претстојните карневалски свечености во Струмица, денеска одржаа покровителот на Струмичкиот карневал и градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов и претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, како и новиот водител на карневалот од оваа година Игор Џамбазов.

Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната традиција на празнување под маски во Струмица, истакнувајќи дека Струмичкиот карневал е еден од најзначајните културни настани во државата.

Тој најави дека осумдневните карневалски свечености ќе започнат в среда, на 13 март, со предавање на клучот на градот, од негови раце во рацете на струмичките карневалисти, а ја искористи можноста и да го најави познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов како водител на струмичкиот карневал.

Претседателот на ОО на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, стави акцент на  големиот интерес за учество на карневалот, истакнувајќи дека  дел од гостите ќе бидат сместени и во соседните градови Радовиш, Валандово и Дојран.

Тој прецизираше дека во интернационалното карневалско дефиле ќе учествуваат 49 карневалски групи, од кои 20 се гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија, а ќе учествуваат и групи од македонските градови Куманово, Пробиштип и Кавадарци.

 Имајќи во предвид дека во рамките на карневалските свечености  ќе биде одбележан и јубилејот – 30 години од приемот на Струмица во Федерацијата на европските карневалски градови – FECC, годинава на Струмичкиот карневал ќе има голем број гости од FECC од повеќе европски земји.

Од годинава, досегашното заштитно лице на карневалот, водителот Ѓорги Калајџиев, се повлекува и нема повеќе да биде водител на карневалските свечености, на негово место доаѓа шоуменот и актер, Игор Џамбазов.

Струмица

Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село

Avatar

Published

на

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.


За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


Прочитај повеќе

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе