Connect with us

Македонија

СЕ БАРА МЕСТО ПЛУС ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР, успешна прва зимска сезона

Avatar

Published

на

Успешна прва зимска сезона во апарт хотелот на Адора 21st Century Zlatibor

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“. Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com , големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор.“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани. Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот. Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.          

https://21zlatibor.rs/ponuda-na-posledni-apartmani/ – ако сакате, ставете го линкот на последните  болдирани зборови, кој со клик води на веб страницата на објектот )

Избори 2024

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април, од вечерва молк

Avatar

Published

на

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите претседателски избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Утре ќе гласаат дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица: ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ!

Avatar

Published

на

Денес (21-ви април 2024 година) во хотелот Александар Палас во Скопје своите заложби и програми ќе ги претстават: претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на пратеничката листа за ИЕ1 проф. д-р Димитар Апасиев и кандидати за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2, Катерина Јовановска, Дарја Мустафаоглу и Дарко Ристовски.

„ На народниот собир, ќе ги афирмираме нашите цврсти позиции за положбата на македонскиот работник и враќањето на државната власт во рацете на обичниот народ!“ велат од Левица

Прочитај повеќе

Избори 2024

Д-р Венко Филипче: Плати и до 180 илјади денари во здравството

Avatar

Published

на

Д-р Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4, денеска имаше свое обраќање на големиот сенароден митинг што се одржа во Скопје.

Филипче истакна докторите се срцето на здравствениот систем, а СДСМ предвидува мерки со кои ќе ги задржи докторите дома и ќе ги стимулира оние што заминале да се вратат и својата работа да ја продолжат во Македонија.

„Платите на докторите специјалисти ќе достигнат до 180.000 денари, на општите доктори до 120.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000 денари“, рече Филипче.
Ова е визијата на СДСМ за европско здравство, дома во Македонија, додаде Филипче.

Тој најави победа во Изборната единица 4.

Прочитај повеќе