Connect with us

Радовиш

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, со поддршка на образованието

Media Press

Објавено на

Донација на компјутери и таблети за потребите на училиштата во Општина Радовиш од компанијата „Адора Инженеринг“   и фондацијата „Чифлиганец“ денеска беше доставена во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, од каде понатаму

ќе биде распределена во училиштата.

Сопственикот на Адора Инженеринг Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, заедно со неговата ќерка Драгана Чифлиганец, денеска ја доставија донацијата, која поради ситуацијата со корна вирусот  и одвивањето на наставата онлајн,  им е потребна на училиштата. 

„12 компјутери и 6 таблети не се многу,  но се доволен потик и за останатите компании кои можат да донираат. Да ставиме сите по едно камче во мозаикот наречен образование“, рече Чифлиганец.

„Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата во присуство на директорите на училиштата.

За донацијата на  проф. д-р Ванчо Чифлиганец му се заблагодари и пратеникот во Собранието  на Република Македонија Коле Чаракчиев.

Директорот на СОУ „Коста Сусонов“ од Радовиш, кој се заблагодари од името на останатите дирктори,  рече дека најголемиот проблем со кој се соочуваат во онлајн наставата е токму техничката опрема.

При доставувањето на денешната донација, Чифлиганец изрази надеж дека оваа иницијатива, ќе биде добар пример кој ќе го следат и други компании, органзиации и поединци .     

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе