Connect with us

Радовиш

Затворени двете ликовни колонии ,,Караманов-2020“ и „Св. Ѓеоргиј“ кои деновиве се одржаа во Радовиш

Avatar

Published

на

Вчера попладне официјално беше затворена Ликовната колонија „Караманов -2020“ со изложба на 30  уметнички дела насликани на истата. Директорката на центарот за култура Изабела Ангелова, им се заблагодари на присутните уметници учесници на ликовната колонија, која годинава беше споена заедно со традиционалната 5-та радовишка, ликовна колонија „Св. Ѓеоргиј“, поради актуелната ситуација со корона вирусот.

 На двете колонии учествуваа 15 уметници од земјава, кои насликаа 30 уметнички дела и истите вчера беа изложени пред центарот за култура, каде можеа да ги видат граѓаните на .Радовиш. Од името на Центарот за култура како органзиатор, диракторката Ангелова заедно со претседателто на  ДЛУ „ Рада“ од Радовиш Дишен Коцев,  на сите учесници им доделија благодарници, со што им се заблагодарија за учеството.

Ликовната колонија  „Караманов -2020“ започна најпрво со ликовен хепенинг на младите уметници, ученици во ООУ во Радовиш, кои сликаа во Црквиониот храм Света Троица.

Потоа следуваше свечено отварање на ликовната колонија Караманов во Центарот за култура, со изложба на уметничи дела од познатиот  академскиот сликар Владимир Темпов од Кавадарци,   

15 уметници од Македонија три дена твореа на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица  и на локацијата  на некогашното летно кино во Радовиш, во дворот на поранешниот факултет,  согласно препораките и протоколите предвидени за организирање на вакви настани во услови на пандемија.

Иако се со Меѓународен карактер не учествуваа уметници од странство.  Ликовните колонии беа поддржани од Министерството за култура и од Општина Радовиш.

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Avatar

Published

на

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше мешу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.


„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.


Прочитај повеќе