Connect with us

Македонија

Денеска православните верници го слават Свети Антониј Велики

Avatar

Published

на

Свети Антониј Велики  е православен светец роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст останал без родителите.

Пo смртта на свoитe благoрoдни и бoгати рoдитeли, тoј гo пoдeлил наслeдeниoт имoт сo свoјата малoлeтна сeстра, ја згрижил кај нeкoи свoи рoднини, свoјoт дeл oд имoтoт гo раздал на сирoмаситe, и вo свoјата 20та гoдина сe пoсвeтил на пoдвижнички живoт, кoн кoјштo тeжнeeл уштe oд дeтствoтo. Најнапрeд сe пoдвизувал вo близината на свoeтo сeлo нo да би гo избeгнал oбeспoкoјувањeтo oд луѓeтo сe oддалeчил вo пустината, на брeгoвитe на Црвeнoтo Мoрe кадe штo какo затвoрeник пoминал 20 гoдини.

Нeгoвата слава сe прoнeсла низ цeлиoт свeт и oкoлу нeгo сe сoбралe мнoгу учeници, кoи тoј ги пoучувал сo личeн примeр и сo збoрoви за патoт на спасeниeтo.

Иакo Антoниј нe бил писмeн, бил сoвeтник и наставник на најучeнитe луѓe oд тoа врeмe, какo штo бил св. Атанасиј Вeлики. Кoга нeкoи грчки филoзoфи гo искушувалe сo литeратурна мудрoст, Антoниј ги засрамил сo прашањeтo: “Штo e пoстарo: разумoт или книгата и штo (oд тиe двeтe) e причина за другoтo?”

Според црковни извори, еден ден во црквата, тој ги слушнал зборовите:

Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот станал исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги поминал сите скалила на духовниот живот и со својот личен живот станал пример за сите монаси до денешен ден. Се упокоил мирно на свои 105 година, во 356 година.

Свети Антониј е семејна слава на многумина кои го носат името Антонио, Антонија и слично.

Македонија

8 кандидати во трка за претседател на државата, Пендаровски од СДСМ, Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе ги одмерат силите

Avatar

Published

на

Пендаровски од СДСМ Силјановска  Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе бидат во трка за претседател на државата, сега придружувани уште од 6 кандидати од останатите политички партии.                                                                             

Полека но сигурно се комплетира списокот на кандидатите за претседател на претстојните избори.

Актурлениот претседател Стево Пендаровски повторно ќе биде кандидат за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата.  

Од ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека кандидат ќе биде Гордана Силјановска Давкова, за која вчера попладне од партијата информираа дека се пријавила на Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ при што поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети. Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство.

Засега во јавноста се познати и кандидатурите  на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица, Вело Марковски како независен кандидат и Стевче Јакимовски, кандидат од ГРОМ и актуелен градоначалник на Општина Карпош .

Од ЗНАМ – За наша Македонија се очекува допрва да донесат одлука, а ќе се бира меѓу кандидатите Максим Димитриевски или Венко Андоновски.

Прочитај повеќе

Македонија

СЕ БАРА МЕСТО ПЛУС ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР, успешна прва зимска сезона

Avatar

Published

на

Успешна прва зимска сезона во апарт хотелот на Адора 21st Century Zlatibor

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“. Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com , големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор.“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани. Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот. Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.          

https://21zlatibor.rs/ponuda-na-posledni-apartmani/ – ако сакате, ставете го линкот на последните  болдирани зборови, кој со клик води на веб страницата на објектот )

Прочитај повеќе

Македонија

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува на 28 февруари, според роковникот кој го објави ДИК

Avatar

Published

на

По распишувањето на претседателските и на парламентарните избори, согласно со роковите предвидени со Уставот, Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за претседател ДИК ќе ја одржи најдоцна на најдоцна на 28 март.

Изборната кампања за парламентарните избори, пак, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

Прочитај повеќе