Connect with us

Македонија

Денеска се празнува Свети Георгиј Посен

Avatar

Published

на

Со домашни служби денеска се празнува Свети Георгиј Посен – празник  поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

Свети Великомачeник Георгиј живеел и пострадал за време на безбожниот римски цаp и идолопоклоник Диоклецијан во 303 година, во чие време се вршело пpoгонство и убивaњe на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил вoeна шkoла и бил на служба кај овој цар.

Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пpaтеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а poбовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гoните и мaчите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожje“.


Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвop и бил изложен на најтешки maчења.

Во жестokата бopба меѓу доброто и злото, издржал надчовечки мачeња и станал Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како вojвода на коњ како со копје убивa ламjа која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја yбива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. Според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штeта.

Во 494 година тој е прогласен за светец.

Избори 2024

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април, од вечерва молк

Avatar

Published

на

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите претседателски избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Утре ќе гласаат дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица: ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА СЕ БУДИ!

Avatar

Published

на

Денес (21-ви април 2024 година) во хотелот Александар Палас во Скопје своите заложби и програми ќе ги претстават: претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на пратеничката листа за ИЕ1 проф. д-р Димитар Апасиев и кандидати за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2, Катерина Јовановска, Дарја Мустафаоглу и Дарко Ристовски.

„ На народниот собир, ќе ги афирмираме нашите цврсти позиции за положбата на македонскиот работник и враќањето на државната власт во рацете на обичниот народ!“ велат од Левица

Прочитај повеќе

Избори 2024

Д-р Венко Филипче: Плати и до 180 илјади денари во здравството

Avatar

Published

на

Д-р Венко Филипче, носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4, денеска имаше свое обраќање на големиот сенароден митинг што се одржа во Скопје.

Филипче истакна докторите се срцето на здравствениот систем, а СДСМ предвидува мерки со кои ќе ги задржи докторите дома и ќе ги стимулира оние што заминале да се вратат и својата работа да ја продолжат во Македонија.

„Платите на докторите специјалисти ќе достигнат до 180.000 денари, на општите доктори до 120.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000 денари“, рече Филипче.
Ова е визијата на СДСМ за европско здравство, дома во Македонија, додаде Филипче.

Тој најави победа во Изборната единица 4.

Прочитај повеќе