Connect with us

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Гевгелија

Традиционален НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК на градскиот плоштад во Гевгелија

Avatar

Published

на

Граѓаните на општина Гевгелија, традиционално Новата 2024 година, ќе ја дочекаат на Градскиот плоштад во Гевгелија. Трета година по ред, Општина Гевгелија ќе го организира новогодишниот дочек со богата културно- забавна програма, во којашто учество земаат локални музички групи и уметници. Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на Моки, Марија и Слободан. Исто така, ќе настапат и КУД „Танец“ од Миравци и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија – Diverzija. Гостин на вечерта ќе биде познатиот македонски пејач, Ристо Самарџиев со пријателите, кој ќе ги забавува гевгеличани за Нова година со својот познат репертоар. Водител на Новогодишниот дочек на 2024 година, на плоштадот во Гевгелија, кој започнува во 20:00 часот, на 31 декември, ќе биде Никола Опров. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го најави дочекот на Новата 2024 година на Градскиот плоштад во Гевгелија и ги покани гевгеличани на заедничкото прославување.

– Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка и други културни содржини преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните повторно ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2024 година на Градскиот плоштад во Гевгелија, порача Сарамандов и ги повика гевгеличани на заеднички дочек на Новата 2024 година.

Исто така Oпштина Гевгелија, пред новогодишните празници, во периодот од 21 до 31 декември, организира Новогодишен базар, којшто ќе се одржува на Градскиот плоштад во Гевгелија.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје

Avatar

Published

на

Исто така вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија. Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13.00 часот додека бил на лов во атар на с.Кованев. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прочитај повеќе

Гевгелија

2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија

Avatar

Published

на

Гевгелија и годинава со Атлетската трка November run, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, беше центар на најмасовната трка со што покажа дека е способна да биде успешен домаќин и организатор на светски спортски настан. За фактот дека од година во година оваа трка добива се поголемо реноме, зборува бројот на учесници – 2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката од Македонија и 15 други земји, кои трчаа по гевгелиските улици, на трките на 5 и 10 км., детските трки и за првпат организираната инклузивната трка „Трчањето не познава граници“ и лиценцираната патека од Светската Атлетска федерација. Но, и признанијата од легендарниот македонски олимпиец, Шабан Трстена, кој беше специјален гостин на November run, како и од домашните и странски учесници, кои не го криеја своето задоволство од добрата организација и успешноста на настанот со објави и коментари на социјалните мрежи. Имено, на двете трки на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција учествуваа 1.100 натпреварувачи, меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји.

Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златни медали и златни пехари на 3. маратон November run Gevgelija 2023.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876

Прочитај повеќе