Connect with us

Радовиш

Советот на општина Радовиш денеска ја одржа 43 редовна седница

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 43 редовна седница. Советниците работеа со предложен дневен ред од 21 точка и две дополнителни точки. Но поради дополнителни консултации и разгледувања 4 точки од дневниот ред беа одложени за наредна седница, па се разгледуваа и беа усвоени вкупно 19 точки.

 Нa почетокот на седницата Претседателката на советот Моника Трајанова и секретарот при ЕЛС Општина Радовиш Љупче Почивалец, појаснија зошто се одлагаат овие точки кои пред  сѐ се однесуваа на Предлог одлуки за распределба на финасиски средства на спортски клубови и здруженија на граѓани од областа на спортот и здруженија на граѓани од областа на културата, како и измена на Програмата за финасирање проекти за 2024 година.

 Во продолжение на седницата беа усвоени и останатите Предлог одлуки.

Радовиш

Одржана втората обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери

Avatar

Published

на

Одржана втората обука во Црвен крст- Радовиш за регрутирање на млади волонтери во која учествуваат 30 млади од општините Радовиш и Конче.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) која постои  повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери во Црвениот крст.

Во 2024 година, програмата ќе се се имплементира во 30 Општински организации на Црвениот крст со што  ќе бидат обучени 1.200 млади во државата на возраст до 13 до 17 години.

Целта на ПХВ програмата е младите да ја променат својата рутина и да научат како се изработуват мали проекти за помош во заедницата.

Да изработат еден интеркултурен проект каде што припадници од различни етнички групи ќе изработат некој културен настан. Целта е младите да научат за соживот за мир и разбирање помеѓу нив, да научат да помагаат онаму каде што е потребно посебно на ранливата категорија граѓани“, вели Герасим Димитров, десиминатор во Црвен крст Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во Радовиш одржана Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата

Avatar

Published

на

По повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, Општината Радовиш во соработка со ООУ ,,Крсте Петков Мисирков”- Радовиш, организира Трибина на тема: Мајчиниот литерaтурен јазик – најголем дар и скапоцено богатсво за државата, а училиштето најдобра ковачница на тој литературен јазик, која се одржа денеска во Музеј на љубовта и уметноста.

Учесници на трибината беа проф. д-р Снежана Петрова Џамбазова од ИМЈ ” Крсте Мисирков’ кој што го носи името на првиот кодификатор и втемелувач на основните јазични црти на Македонскиот стандарден јазик, и проф л-р Раско Лозановски кој наведе неколку примери на погрешно употребени зборови посебно во образованието.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во ресторан „Маг Марг“ во Радовиш

Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2023 година.

Марко Ананиев од БК Бучим – Радовиш, доби признание за најперспективен спортист – пионер, Глорија Тодоровска – УСК Никола Карев, доби признание за спортистка на годината – кадети, Борис Колев – Муаи Таи Клуб Комбат, спортист на годината – кадет, Миахило Илиев – БК Бучим – Радовиш, доби признание за спортист на годината – јуниори, Александар Јермазов доби плакета за спортист на годината – сениори.

Посебни спортски достигнување им беа доделени на Славче Јанев од ФК Детонит Плачковица, Васе Спасов од БК Бучим – Радовиш за спортски работник за 2023 година, Ристо Спасов – БК Бучим од Радовиш за спортски тренер на годината, Живко Андонов – УСК Никола Карев за спортски работник за повеќегодишна работа, ЖФК Плачковица за женска екипа на годината.

Фудбалски клуб Детонит Плачковица за спортска екипа на годината, Александар Јермазов – бодибилдинг признание за спортист на годината во категорија сениори, а признанија добија и Изабела Зајкова, како и Одбојкарската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе