Македонија

Димитриевски: Во 2016 година се залагавме за департизација на државата, а денеска живееме во заробена држава со двојна партизација

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новата политичка партија Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски при гостување во емисија, рече дека сега живееме во заробена држава со двојна партизација иако во 2016 година се залагале за департизација на државата. 

„Во 2016 година под слоганот “Нема правда, нема мир” се залагавме за департизација на државниот апарат. Вие имате денеска двојна партизација. Излегува министер за внатрешни работи и вели двојно е зголемена бројката на вработени во МВР. Ајде да го видиме списокот на лицата кои се вработени, како се вработени колку тоа безбедноста во Македонија е зголемена. Па гледаме дека се убиваат луѓе на улица, се пука во молови, секојдневно имате одредени безбедносни проблеми во државата, ви влегуваат групи насилници во М-НАВ без разлика дали се тие партиски или не се. Во сериозни држави таквите акти се третираат како терористички акт. Кај нас дури не се определува ни притвор. Тоа е така бидејќи политичкото влијание е премногу големо во институциите на системот, и во обвинителство и во судската власт”, истакнува Димитриевски. 

Според него, клучен проблем е и партизацијата на правосудниот систем во државата, каде искусните професионалци место сериозно да се борат во сузбивање на корупцијата, работат на предмети за вршење притисок врз неистомислениците на власта.

„Имате голем број на искусни оперативци во системот коишто  можат сериозно да се борат против корупцијата, но тие водат постапки за Максим, за друг или трет по Член 353 и секојдневно ги трошат своите ресурси. Зошто? За да на тој начин извршат политички притисок врз неистомислениците. Празни предмети ги процесуираат до обвинителство и сето тоа е координирано на релации орган за давање на асистенција во истрагата МВР, обвинител којшто е дојден по партиска цел да штити интереси на поединци, а не на државата и на крај може многу лесно да заврши предмет кај партиски војник во судството и да ве осудат без било каков доказ. Тоа се случува, вели Димитриевски укажувајќи го како пример предметот Сопот”, вели Димитриевски. 

Тој ги поздрави и критиките од меѓународната заедница осврнувајќи се на последната критика упатена од холандскиот амбасадор, но вели дека власта ништо не прави по тие прашања. 

„Јас ја почитувам нивната работа која е исклучително позитивна, а и тие и сакаат добро на оваа држава, но првенствено ние добивме во изминатиот период многу такви пораки од меѓународната заедница, но за жал кај нас ништо не се случи. Имате примери кога ви ставаат луѓе на црни листи, а наше официјално обвинителство се уште не се обраќа до нив да ги добијат документите зошто тие луѓе се на црна листа. Дали некој стапил во контакт со претставниците на амбасадите? До сега никому ништо, барем до сега никој не се произнесе во јавност со такви информации”, прашува тој.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago