Македонија

Изборни подготовки и стратегија за настап на Македонски Концепт

Во врска претстојните претседателски и парламентарни избори, Националниот Совет на Македонски Концепт, на својата редовна седница одржана на 11.01.2024 година, ги донесе следните заклучоци:

1.     Македонски Концепт како политичка партија која ја промовираше идејата за целосно обединување на опозицијата, да ги направи сите последни обиди во таа насока, со цел постигнување на 61 пратеник од „Обединета Опозиција“, како би постигнале целосен пораз на владинината коалиција или т.н. „Криминален фронт“.

2.     Поддржуваме широк коалициски настап на претстојните избори, вклучително и „коалиција со граѓаните“, за што ќе бидат отстапени места на кандидатските пратенички листи за граѓани, кои не се членови на партијата. Со тоа покажуваме висок демократски капацитет, како основен постулат вграден во Статутот на партијата.

3.     НС на МК го овластува претседателот на партијата Петар Богојески да формира ТИМ за коалициски разговори со сите политички партии, освен тие кои застанале зад т.н. „француски предлог“.

4.     Македонски Концепт ќе даде поддршка на оној кандидат за претседател на Републиката, кој ќе ги прифати нашите вредности и политики во неговата изборна програма, пред се „офанзивниот пристап“ во надворешната политика.

5.     Без разлика на самостоен или коалициски настап, Македонски Концепт ќе настапи со својата Изборна програма’24 #РЕСТАРТ ЗА МАКЕДОНИЈА и ќе ги промовира решенијата за реалните проблеми на реалниот човек во земјава, соопштуваат од центар за комуникации на Македонски концепт.   

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago