Сезона на грип која се очекува до крајот на февруари значително да се намали. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .
Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на
грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се
предизвикува од друг тип на вирус. Постојат
неколку знаци по кои се разликува грипот од настинка.
Првите знаци на настинка се јавуваат ден до два по контактот со
вирусот и почнуваат со чешање и воспаление на грлото кое постепено се влошува.
Грипот
настапува брзо и нагло, кога за неколку часа го чувствувате целото тело како
болно.
Болката
во грлото и течењето на носот се први знаци на болеста која се појавува и при
грип и при настинка, но со важна разлика.
Кај
настинката проблемите со носот почнуваат откако ќе престане болката во грлото.
Носниот секрет постепено станува пообилен, погуст и пожолт, а носот е цело
време блокиран. Подобрување има после петтиот ден.
Кај
грипот нема промена на носниот секрет, но кашлицата трае подолго, сува е и
непродуктивна.
Зависно
од вирусите кои ја предизвикуваат настинката се разликуваат различни симптоми. Блокадата
на носот и чувството на изнемоштеност предизвикува главоболка и треска, лежењето
не е неопходно и личностите со настинка може нормално да функционираат.
Кај грипот симптомите се со црвени и насолзени очи, кожата
изгледа влажна и има висока температура и до 40 степени. Болките во зглобовите,
губењето апетит и исцрпеноста го принудуваат телото на лежење и минимален
контакт со околината.
Врвот
на настинката се случува два до три дена по појавата на симптомите, а најлошото
поминува по една недела. Настинката би требало целосно да се повлече за 3 до 4
недели по заболувањето.
Грипот
го исцрпува телото, па болките и заморот може да се задржат неколку недели,
понекогаш и месеци по првата појава на симптомите. Грипот го ослабува
организмот и може да предизвика дополнителни болки во стомакот и мускулите,
вирусот
почнува да продира подлабоко во телото, бактериите може
да предизвикат
воспаление на белите дробови.
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го содржат вирусот. Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции, а фактот дека се главна причина за пренесувањето сè уште не е докажан. Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти. Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете.
Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.