Радовиш
Црвен крст – Радовиш со хуманитарна акција за подарување на прехранбени пакети на социјално загрозени семејства
Објавено на
Од
Media Press
Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе нахрани само 1 човек. Така сите заедно би помогнале на многумина“ под ова мото ОО на Црвен крст од Радовиш спроведе хуманитарна акција за подарување на прехранбени пакети на социјално загрозени семејства.
На прагот на Новогодишните празници, заеднички ја креираме нашата колективна и опшествена одговорност за оние семејства, наши сограѓани, кои од било кој објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехрамбени производи, за достоинствено дочекување на Новата година.
Црвен крст изразува благодарност на сите компании кои што ја поддржаа нивната хуманитарна акција.
„Ваквите Корпоративни гестови нека бидат пример и за останатите компании и поединци и нека афирмираат позитивно поведение во средините во кои живееме и делуваме“ велат од Црвен крст Радовиш.
Поврзани содржини

Во просториите на Црвен крст Радовиш се одржа финалниот настан од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус

Екипите од ОО на Црвен крст од Радовиш продолжува да дистрибуира храна и вода за учесниците во гасењето на пожарот

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Доделени признанија на повеќекратни крводарители од страна на Црвен Крст- Радовиш и Општина Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол донираа 100 прехранбени пакети за социјално ранливи семејства во општините Радовиш и Конче
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



