Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол донираа 100 прехранбени пакети за социјално ранливи семејства во општините Радовиш и Конче

Media Press

Објавено на

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава донираа, прехранбени пакети за социјално ранливите семејства во општините Радовиш и Конче, за поубави и посреќни празници.   Прехранбените пакети како и новогодишните пакетчиња беа доставени до ОО на Црвен крст во Радовиш, од каде ќе бидат доставени до семејствата. Од менаџерскиот тим на двата ридника се надеваат дека ќе ги разубават празниците на овие граѓани.

Мобилните тимови на Црвениот крст ќе ги достават пакетите до социјално ранливите семејства согласно списокот од Центарот за социјални работи во Радовиш, а рудниците Бучим и Боров Дол обезбедија и превоз за достава.

Исто така беа донирани и новогодишни пакетчиња за Турското хуманитарно здружение од Радовиш како и за Здружението „Мобилност“ во Радовиш.

Вакви донации рудникот Бучим а од годинава и рудникот Боров Дол, реализираат секоја година во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници,  со цел поубави и посреќни празниците за сите.   

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе