Connect with us

Радовиш

Рудникот Бучим донира околу 325 илјади евра во 2023 година, за проекти на Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Менаџерскиот тим на Рудникот Бучим денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, при што беа сумирани резултатите од заедничкото работење во оваа  година и донациите кон општината, за реализација на инфраструктурни и други проекти. На средбата беше заклучено дека вкупно се донирани околу 325 илјади евра, во 2023 година, кон општината.

Од средства од рудникот Бучим се финасисрани над десетина проекти:

„Изградба на канализациона мрежа во Карши маале с.Подареш, „Изградба на водоводна мрежа во урбан блок 22 – Радовиш”, „Радовишки детски карневал”, „Изработка на комплетна документациа за Парковско уредување на дел од градски парк Чам Баир во општина Радовиш”. „Изградба на водоводна линија за с.Бучим “, „Водоводна линија за с.Бучим и атмосферска канализациа”, „Реконструкциа на плафон со ново осветлуванье во Центар за култура Ацо Караманов”, Уредуванье на речно корито на Ораовичка река”, Mодернизациjа на спортска сала во Радовиш –  СРЦ 25-ти Мај – LED дисплеј, „Чистење на речно корито и останати тревни површини”, и последната Донација комбе.

Градоначалникот Ацо Ристов спомна дел од проектите и изрази огромна благодарност до менаџерскиот тим на Бучим за разбирањето и подршката во оваа година, бидејќо како што е познато Радовиш остана без концесија од Рудникот Бучим по отворањето на Боров Дол.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе