Connect with us

Василево

Советот на општина Василево ги донесе Програмите за 2024 година

Media Press

Објавено на

Советот на општина Василево, вчера ја одржа редовната 32 Седница, на чиј дневен ред беа вкупно 39 предлози од кои 7 како дополнителни кои беа предложени и прифатени на самата Седница.
Најголемиот број од предлозите, всушност беа Програмите за работа на општина Василево за наредната 2024 година, чија реализација ќе биде вклучена во Буџетот за наредната година.
Програмите беа усвоени главно без дискусија и  без забелешки, со 8 гласови „за“.
Составен дел на обемниот дневен ред беа и Кварталните извештаи за работата на општина Василево за третото тромесечие од годината, односно  Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 (К1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево (К3), сите за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година.

Според податоците од работниот материјал доставен до советниците реализацијата кај консолидираниот Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници односно двете основни општински училишта и детската градинка, е 62,24% или од планираните 194 398 000 денари, реализирани се 62,24%, додека кај основниот Буџет реализацијата е 56,7% или од планирани 88 800 000 денари реализирани се 50 374 058 денари.

Кај блок дотациите реализацијата е 72,8% односно од планирани 94 268 999 ден. реализрани се 68 616 997 ден. кај самофинансирачките активности од планирани 11 330 000 ден. реализрани се 2 001 159 денари или изразено во проценти,реазлизирани се 17,7%.

Што се однесува до доспеаните а неизмирени обврски, односно К2 Извештајот, согласно доставената спецификација во работните материјали, долгот на општината на крајот од пресметковниот период изнесува 92 278 754 денари.  Во делот на задолжувањето на општината и јавните претпријатија основани од општината, состојба прикажана во К3 Извештајот, општината во пресметковниот период има обврски во износ од 3 309 345 денари и 49 573 денари по основ на камати и истите се однесуваат за кредитите за изградба на водоводот во с. Чанаклија, улиците во Пиперево и Нова Маала, како и за набавката на возилото за смет.
Со истото мнозинство од 8 гласови „за“ беше усвоена и Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година, односно ребаланс предизвикан поради намалувањето на ДДВ-то за 2023 година за 1 800 000 како и зголемувањето на износот наменет за К-15 и плати во Буџетите на единките корисници (двете основни општински училишта и детската градинка) за 5.385.707 денари.
Со истото мнозинство усвоен беше и  Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година и Годишниот  извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година.
На Седницата беше формирана и Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година, како и Комисијата за унапредување на правата на пациентите во состав: Ивана Коцева, Сња Христова, Боби Величковски Антоника Иванов, Андријана Иванов, Ристо Велков, Драгица Глигорова, Александар Митрев и Билент Исинов. Советниците ги усвоија и Измените и дополнувањето на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2023 година, како и трите предлози доставени од ОУ на ЈОУДГ „Прва радост“, од Василево, односно Извештајот од спроведената функционална анализа,  Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот  за систематизација на работните места,  во оваа детска градинка.


Составен дел на денешниот дневен ред беа и неколку Барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица. Со исклучок на Барањето поднесено од здружението Али Бег од Градашорци, за сите останати од страна на Советниците се донесени позитивни одлуки со одреден износ на финансиска поддршка.

Василево

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Media Press

Published

на

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со  пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на клубот за дневен престој на пензионерите.

„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.

Клубот е лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.

Буџетот за сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.

Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.

Прочитај повеќе

Василево

Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027

Media Press

Published

на

Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би биле реализирани во ова населено место.

 Едно од приоритетните прашања, за кои граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите домаќинства би добиле можност за приклучување.

„Буџетот го креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево. Клучни проекти за Ангелци се:

-Целосно дислоцирање на дивата депонија

-Продолжување со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на мандатот,

– Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“

-Изградба на преостанатите краци од фекалната канализација.

 Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.

Прочитај повеќе

Василево

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во населеното место Радичево, одржа отворена граѓанска средба за креирање на Буџетот за 2027 година.

Граѓаните во непосредна дискусија имаа можност да ги кажат потребите за населеното место, да дават предлози, да разговараат околу приоритетите но и можностите,, се во насока на подобрување на условите во кои се одвива нивното секојдневие.

„Буџетот го креираме заедно со граѓаните! Бевме во Радичево, каде што отворено разговаравме со жителите за нивните потреби, предлози и приоритети за наредниот период.

Радичево е населено место каде што дадениот збор се претвора во реализирани проекти! Во Радичево го реализиравме нашиот најголем капитален проект – изградбата на фекалната канализација, со што покажавме дека ветувањата се исполнуваат со конкретни дела. Тоа е нашата обврска и принцип на работа. Врз основа на реалните потреби на граѓаните, ќе ги креираме и идните приоритети, со јасна цел – ветеното да го реализираме и во наредниот период! Ветеното го реализираме. Продолжуваме посветено, заедно со граѓаните!“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.

На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Даниел Иванов, директорот на АД „Водостопанство“, подружница Струмица, Томе Спасов како и дел од вработените во општинската администрација.

Прочитај повеќе