Василево
Советот на општина Василево ја одржа 41-та седница
Објавено на
Од
Media Press
Во петокот на 09.08.2024 година, Советот на општина Василево ја одржа редовната 41-ва седница, на чиј почеток свечена изјава даде Тамара Дојчинова од ВМРО ДПМНЕ, која доаѓа на местото на Драгица Глигорова, која неодамна си поднесе оставака од функцијата член на Советот на општина Василево.
Дневниот ред дополнет со 13 нови предлози кои беа едногласно усвоени беше усвоен од советниците. Без дискусии и забелешки усвоени беа Кварталните извештаи за работата на општина Василево за периодот 01.01.2024 до 30.06.2024 година односно Кваратлниот извештај за извршување на Буџетот на општина Василево (К1), Кваратлнниот извештај за доспеани а неизмирени обврски (К2) и Кваратлниот извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К3).Без дискусии беа усвоени и Предлог-одлуката за утврдување на потреба за вклопување на бесправните објекти – станбена куќа на КП бр.931 во КО Радичево и Предлог-одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП бр.179 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци – вон град за изведба на градба од класата на намена Г3, Г4 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци, вон град, општина Василево.
Во врска со предложениот Годишен план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за 2025 година, образложение даде директорката Марија Костуранова, која ја потенцираше изразената потреба од технички персонал неопходен за нормалоно функционирање на училиштата. Истата беше усвоена.
Без дискусија беше усвоена Годишната програма за работа за учебната 2024/2025 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Советниците донесоа одлука и за член на Советот на општина Василево кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на градоначалникот на општина Василево. Предложен и избран беше советникот Ване Андонов.
Советниците ги усвоија и предлозите кои се однесуваат на работењето на ЈПКД „Турија“; Василево меѓу кои Финансиски извештај за работењето на ова претпријатие за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 г. Едногласно беше донесена Одлуката со која на ЈПКД „Турија“, Василево му пренесува правото на користење и управување со фекалниот канализационен систем во с. Василево-Колектор крак 1 и крак 3 и фекален канализационен систем во с. Пиперево – колектор крак 1 и крак 2. Согласност добија и Одлуките на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за корекција односно зголемување на цените на дел од нивните услуги и тоа: надоместокот за приклучување на корисниците на водоводната мрежа на населените места Василево, Градашорци и Ангелци ќе изнесува 80 000 денари наместо досегашните 60 000 денари. Надоместокот за приклучок на канализациониот систем на правните лица во населените места Пиперево, Василево, Градашорци и Ангелци се зголемува и ќе изнесува 40 000 денари. Висината на надоместокот за приклучок на корисниците на водоводната мрежа во населените места на општина Василево исто така се менува и ќе изнесува 20 000 денари, колку што ќе изнесува и висината на надоместокот за приклучок на канализациониот систем на физичките лица во населениоте места Ангелци, Градашорци, Василево, Пиперево и Едрениково.
Усвоени беа и предложените измени на неколку Програми за работа на Советот на општина Василево и тоа: Програмата за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2024 година; Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2024 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година. Усвоен беше и Планот за вработување на општина Василево за наредната 2025 година.
На дневен ред на 41-та седница беа и неколку предлози со кои се уредува работењето на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево: Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2023-2024 година, Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2024-2025 година и Годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2025 година кои го добија потребното мнозинство.
Согласност доби и Одлуката на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево за прием на повеќе или помалку деца во групи, како и Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време кое е од 06,00 до 17,00 часот во деновите од понеделник до петок. Утврдена беше и Комисијата за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на градинаката во состав: Даниела Трајковска, претседател и членови: Наташа велкова и Андријана Митева.
Позитивен беша ставот на советниците и кон поднесените Барања за финансиска помош поднесени од физички и правни лица, меѓу кои на оваа седница доминираа барањата за организирање на спортски турнири чии покровител е општина Василево и се планирани со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во Општина Василево за 2024 година.
Василево
Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб
Published
6 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Викендов, во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на клубот за дневен престој на пензионерите.
„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.

Клубот е лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.
Буџетот за сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.
Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.

Василево
Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027
Published
4 недели agoна
октомври 21, 2026By
Media Press
Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би биле реализирани во ова населено место.

Едно од приоритетните прашања, за кои граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите домаќинства би добиле можност за приклучување.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево. Клучни проекти за Ангелци се:
-Целосно дислоцирање на дивата депонија
-Продолжување со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на мандатот,
– Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“
-Изградба на преостанатите краци од фекалната канализација.
Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.
Василево
Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани
Published
4 недели agoна
октомври 20, 2026By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во населеното место Радичево, одржа отворена граѓанска средба за креирање на Буџетот за 2027 година.
Граѓаните во непосредна дискусија имаа можност да ги кажат потребите за населеното место, да дават предлози, да разговараат околу приоритетите но и можностите,, се во насока на подобрување на условите во кои се одвива нивното секојдневие.
„Буџетот го креираме заедно со граѓаните! Бевме во Радичево, каде што отворено разговаравме со жителите за нивните потреби, предлози и приоритети за наредниот период.
Радичево е населено место каде што дадениот збор се претвора во реализирани проекти! Во Радичево го реализиравме нашиот најголем капитален проект – изградбата на фекалната канализација, со што покажавме дека ветувањата се исполнуваат со конкретни дела. Тоа е нашата обврска и принцип на работа. Врз основа на реалните потреби на граѓаните, ќе ги креираме и идните приоритети, со јасна цел – ветеното да го реализираме и во наредниот период! Ветеното го реализираме. Продолжуваме посветено, заедно со граѓаните!“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.
На средбата присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Даниел Иванов, директорот на АД „Водостопанство“, подружница Струмица, Томе Спасов како и дел од вработените во општинската администрација.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



















